Преглед на вестите од светот
Продолжуваат интензивните руски воздушни напади на украинско тло. Најтешко погоден е Харков, вториот по големина град во Украина. Градоначалникот на Харков информираше за три жртви и над 20 повредени, вклучувајќи бебе и 14 годишно девојче. Нападот го оцени како најсилниот што го погодил градот од почетокот на војната.
- Беше ужасно утро во Харков, кој беше погоден од 48 Шахеди, четири наведувани бомби и два прокетили. Погодена е цивилна инфраструкутруа и станбени згради, изјави Игор Техеров, градоначланик на Харков.
Нападите уследи по предупредувањето од руските претседателот Путин дека Кремљ жестоко ќе возврати откако изминатиот викенд Украина изврши голема акција под иметот Пајакова Мреже и погоди руска воена и железничка инфраструктура Американскиот претседател вели дека Украина самата ги испровоцирала нападите и му дала причина на Путин да ги бомбридриа Уркаинците. ЗА санцкиите против Москва кои ги разгледува Сенатот на САД, Трамп рече дека се уште не одлучил дали ќе ги воведе.
Милијардерот и поранешен раководител на Одделот за ефикасност на владата на САД Илон Маск,најави дека ке формира политичка партија. Маск првпат ја изнесе идејата во четвртокот за време на жестоката расправија со шефот на Белата кука Доналд Трамп. Објави анкета на неговата плтаформа Х во која ги праша своите 220 милиони следбеници дали мислат дека е „време да се создаде нова политичка партија во Соединетите држави која би ги претставувала „80 проценти од луѓето во средината“, односно умерените гласачи. По добиената поддршка од околу 80 отсто од учесниците во анкетата, Маск напиша Ова е судбина . Народ се изјасни а во друг пост го одобри предлогот на еден сфан партија да се вика Американска партија.
Претседателот Трамп ја отфрли оваа идеја, коментирајќи дека Маск „го изгубил разумот“. Во мегувреме високиот руски функционер Дмитри Новиков изјави дека Русија би била подготвена да му понуди политички азил на Илон Маск доколку тој го побара. Доскорешните блиски соработници се скараа за ковиот закон за буџет што го промовираше Трамп како голем Прекрасен закон а Маск го анарече одвратен.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар