Македонија
1. August 2025 - 13:08

Приведен арачиновец, превезувал огревно дрво без дозвола

На 31.07.2025 во 22.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ј.Б.(23) од село Арачиново. При преглед на товарно моторно возило „ивеко“ без регистарски ознаки, кое го управувал, било утврдено дека превезувал огревно дрво без соодветна дозвола.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.