Приведен Бака Прасе? Маскирани лица упаднале во неговиот стан и го одвеле

Познатиот српски јутјубер Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, наводно е приведен рано утринава, околу 6 часот, откако маскирани лица влегле во неговиот стан и го одвеле, објавија српските медиуми.
Информацијата е соопштена преку неговиот официјален профил на Инстаграм, каде што неговиот тим тврди дека во моментов не знае каде се наоѓа Илиќ, ниту во каква состојба е.
Според објавата, на безбедносните камери се забележани маскирани лица кои влегле во станот и го одвеле јутјуберот. Неговиот тим поседува снимки од настанот, но засега нема намера да ги објави додека не добие дополнителни информации.
Од тимот наведуваат и дека сè уште немаат добиено одговор од адвокатот во врска со случајот.
Засега нема официјална потврда од српските надлежни институции за приведувањето, ниту информации за причините поради кои јутјуберот наводно бил одведен.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Mакедонскиот јазик мора да биде франка лингва во правосудниот систем
-

Нов модел на студентско стипендирање
-

Гужви во пунктовите за имунизација со деца од градинки кои не примиле МРП вакцина
-

Светска недела за подигнување на свесноста за малнутриција
-

Ветеринарните друштва преку мирен протест предупредија дека секторот е пред колапс
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Алта банка ќе биде спасена
-

СДСМ: Обвинителството да отвори истрага за Алта банка
