Македонија
29. March 2026 - 12:24

Приведен кавадарчанец, физички ја нападнал својата поранешна сопруга

Кавадарчанец бил лишен од слобода синоќа, откако во полиција било пријавено дека физички ја нападнал и ѝ се заканувал на сопругата, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

-Синоќа во 20 часот, полициски службеници од ОВР - Кавадарци го лишиле од слобода 40-годишниот Ѓ.И., по претходна пријава дека во неговиот дом, физички ја нападнал неговата 28-годишна поранешна сопруга и ѝ се заканувал, соопштија од СВР - Велес.

Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител. По документирање на случајот, против него ќе била поднесена соодветна пријава.

 

МИА