-->
-->
Приведен кавадарчанец, осомничен за кражба на мотоцикл
-->

Полициски службеници лишиле од слобода 41-годишен кавадарчанец со иницијали Б.О., синоќа во 22:30 часот во Кавадарци, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
- Тој се сомничи дека во гаража во градот, сопственост на Б.П., на возраст од 45 години од Кавадарци, извршил кражба при што одзел мотоцикл. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, појаснија од СВР - Велес.
Известен бил јавен обвинител и како што додадоа од СВР - Велес, по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

На Клинички ќе има четири вида на плаќање, а цените ќе ги одредува советот на Град Скопје
-

ССМ на блокада пред Стопанската комора
-

Мицкоски бара извинување од Трендафилов за навредите кон Стојаноска
-

Повластени тарифи за 60 производи
-

Преглед на вестите од светот
-

Работниците денеска го блокираат Сојузот на стопански комори
-

Кој се ќе биде опфатен со владината реконструкција?
-

Саит Саитов приведен во Србија, се чека негова екстрадиција
