Македонија
6. March 2026 - 14:12

Приведен насилник од скопско, физички ја нападнал малолетната ќерка

На 05.03.2026 во 06:00 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.З.(54) од село во општина Сарај.

Според пријавеното, тој околу 05:00 во домот под дејство на алкохол физички ја нападнал неговата неговата 15-годишна ќерка, но неговиот син успеал да ги радели. Увид извршила екипа од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.