Состојбата со нафтата е стабилна и се следи, нема потреба од создавање паника - уверува министерката Димитриеска-Кочоска

Апслотуно состојбата е во ред и ние ја следиме. Нема никаков проблем и нема потреба од создавање паника кај граѓаните дека нема да има нафта, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.
Одговорајќи на новинарски прашања по панелот за растот на економијата во Владата, Димитриеска-Кочоска информира дека вчера во Министерството се одржал состанок со нафтените компании и ниту една од нив не кажала, како што рече, дека има каков било проблем со залихи на нафта. Инспекторите во однос на цените и евентуални поскапувања, напомена, се на терен. Повеќе од 100 бензински пумпи биле посетени од Државниот пазарен инспекторат во тек на едно деноноќие.
Ако се оцени дека има потреба, оцени министерката, Владата ќе прогласи кризна состојба и Министерството за финансии ќе ги активира инструментите согласно законот.
Таа упати прашањата за цените на бензините и нафтата да се упатуваат до Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) која, информира, ќе заседава в понеделник.
- Жал ми е што во секоја ваква ситуација поединци секогаш се трудат да остварат профит и тоа е целта што најверојатно голем дел од луѓето ги води, па созвдаваат вештачки кризи, дека нема доволно нафта. Состанокот вечра беше на одличлно ниво, ниту една компанија не кажа дека воопшто има каков било проблем со залихи на нафта. Вчера беа сите нафтени компани, прашани беа една по една и сите рекоа дека се е во ред. Ако газдите не знаат каква е ситуацијата, не може ние да викаме дека не ек ако што треба. Нема потреба од создавање паника, а законите имаат предвидено се и институциите ќе постапат. Сите ја следиме состојбата и соодтевно ќе реагираме. Во законот за акциси има автоматски стабилизатори. Тоа значи, ако се прогласи кризна состојба во државата, по автоматизам министерот за финансии носи одлука за промена на цената на акцизата. Ако е цената на нафтата оди нагоре, намалувањето е 1, 2 и 4 денари зависно од тоа во кој праг влегуваме. Но, состојбата ја следиме, се е под контрола. Нема потреба граѓаните да чувствуваат паника. В понделеник, РКЕ, која е надлежна за цените, ќе се состане. Таа одлучува како независен орган. Ние како Министерство сме ги вградиле автоматските стабилизиатори и ако има потреба, Владата ќе прогласи кризна состојба и ние веднаш ќе постапиме. Во однос на претходни кризи и искуства гледаме дека ситуацијата е многу постабилна, но ние не сме експерти за нафта, најсоодветно е за тоа да ги прашате РКЕ, порача Димитриеска-Кочоска.
Министерката не кажа дали има и други, нови инспекциски контроли. За тоа е најдобро, рече, да се праша Министерството за енергетика.
- На неколку пумпи е збележано, зашто од главните складишта не биле испорачана нафта или бензин до пумпите. Но, тоа е во рамки на организацијата на самите компании, кажаа сите вчера дека нема никаков проблем и дека ова може да се случи во кои било услови и дека им требаат неколку часа за транспорт на нафтата од складишѓето до пумпата. Во однос на кризна состојба, повторно ќе кажам, не можам да се согласам дека можеме да предвидиме, денеска цените се стабилни и имаше намалување за еден дполар во однос на вчера, потенцира Димитриеска-Кочоска.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп: Нема договор со Техеран без „безусловна капитулација“ на Иран
-

Гутереш: Војната во Иран може да излезе од контрола
-

Трамп се закани со затворање на владата поради неуспехот да се усвои изборниот закон
-

Семејство од кумановско се сомнева дека нивниот 60-годишен брат бил отруен, случајот пријавен во полиција
-

Првиот човек на ФФМ на состанок на „HatTrick“ во УЕФА
-

Изненадете ја на 8 Март – подарете „Среќа плус“!
-

Кавадарчанец измамен за 4.900 евра, лажно му ветувале дека ќе инвестира во берза
-

Тошковски: Секој полицаец ќе даде максимум за спречување на насилство, но потребен е поефикасен институционален одговор
