Македонија
6. March 2026 - 16:45

ОЈО оформи предмет за Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Обвинителството ќе истражува дали во Центарот за социјални работи некој сторил кривично дело во случајот со трагичниот настан во Карпош. Предметот е оформен откако ресорниот министер информираше за инспекциски надзор со кој е утврдено дека стручните работници не оствариле непосреден контакт со жртвата иако претходно била закажана средба. В.д државната обвинителка порача дека токму недостатокот на пријави и информации од центрите се еден од предизвиците со кои се соочуваат при гонењето на ваков вид кривични дела. 

„Речиси сите укажуваат на недостаток на пријави од центрите за социјална работа. Благата казнена политика Само со жалба се обезбедиува заштитен надзор. Не се адекватени санкци за вакви кривични дела“, изјави Анита Тополова Исајловска в.д. државен јавен обвинител

Голем е притисокот кој го трпат жртвите,посочи министерот Тошковски токму како што бил и случајот со 31 годишната Ивана која се повлекувала од секоја пријава која ја поднесувала за сопругот. Ваквите предизвици беа повод за министерот да ги собере сите релевантни институции и граѓанскиот сектор за да начин како системот поефикасно да функционира во случаите со семејното и насилство врз жените.

„Имало повеќе пријави, но за жал, секој пат кога ќе дадела пријава, ја повлелкувала. Тоа е најголемиот проблем кој го имаме. Жртвите се под притисок на насилникот, не ја обвинуваме што ја повлекла, но затоа сакаме да најдеме поефикасен институционален одговор за постапување. Тука сме за да најдеме начин како системот 24/7 да фунционира, и за кратко да одговори, и тоа не само од страна на МВР, туку и од сите инволвирани институции, како од социјалните служби, така и од аспект на кривичен суд, граѓански суд, па се до граѓански организации за поддршката која треба да им биде дадена.“, изјави Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

Опозицијата повторно побара оставка од Тошковски потенцирајќи го фактот дека системот не потфрлил прв пат според бројот на пријави кои ги имала Ивана. 

Статистиката од министерството за труд и социјална политика покажува дека само во 2025 евидентирани се 1754 жртви од кои најголем број се жени и деца. Најголем број пријави се за физичко насилство. Социјалните служби побарале изрекување привремени мерки за 1270 случаи од кои судовите изрекле мерка за 642ца сторители на насилство.