-->
-->
Приведен неготинец, со 2,99 промили алкохол во крвта се заканувал на неговиот татко
-->

Полициски службеници од ОВР-Неготино вчера привеле 37-годишник од Неготино, по претходна пријава дека упатувал закани кон неговиот 63-годишен татко, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
-Синоќа во 21:35 часот, полициски службеници од ОВР - Неготино лишиле од слобода 37-годишник од Неготино, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом упатувал закани на неговиот 63-годишен татко. При преземање мерки извршено му е алкотестирање и измерени му се 2,99 промили алкохол во крвта, појаснија од СВР - Велес.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нема подолги задржувања на граничните премини
-

Сончево и многу топло
-

Катерина Ацевска светска вицешампионка во џиу – џицу
-

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни - изгаснат пожарот кај село Чифлик
-

Почина таткото на Меси
-

Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
-

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка
