Македонија
14. December 2021 - 12:32
Приведен српски државјанин - превезувал 28 мигранти
Полицијата приведе српски државјанин кој се обидел да прокриумчари 28 мигранти. 20 годишниот србин бил откриен синоќа на автопатот Гевгелија Скопје за време на полициска контрола која сакал да ја избегне. И покрај дадениот знак тој не застанал туку продолжил, а откако полициските службеници го стигнале го напуштил неговото возило и се обидел да избега.
Дваесет и петмина од мигрантите се државјани на Куба. Од нив 20 се полнолетни а пет деца, додека останатите тројца се од Индија. Во координација со Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје по целосно документирање на случајот против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
-->
-->