-->
-->
Приведена 46-годишна жена, управувала возило со 107 км на час на место каде што е дозволено 50
-->
На 17.08.2025 во 15.25 часот, полициски службеници од ОВР Кичево ја лишиле од слобода Џ.З.(46) од кичевското село Стрелци.
При контрола во патниот сообраќај на улицата „Магистрален пат“ во Кичево, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со австриски национални ознаки, при што констатирале дека таа го управува возилото со брзина од 107 километри на час на место каде со сообраќаен знак има ограничување на брзината од 50 километри на час.
Против неа ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведена 46-годишна жена, управувала возило со 107 км на час на место каде што е дозволено 50
-
Ризикот да се загине на патиштата во Бугарија е 2,5 пати поголем од просекот во ЕУ
-
Кина очекува прифатливо решение за сите страни во војната во Украина
-
Пожарникари се борат со голем шумски пожар на хрватскиот остров Брач
-
На аеродромот во Атина откриени 500 килограми дрога Кат во вредност од 1,5 милиони евра
-
ФСБ спречила обид на украинските служби да активираат автомобил - бомба на Кримскиот мост
-
Кина постави обемен ВИ-модел на Кинеската вселенска станица
-
ПОЦ: Минатата недела санкционирани се 103 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар