Приведени двајца турски државјани поради криумчарење мигранти

Денеска (31.01.), полициски службеници ги лишија од слобода лицата С.А.О.(35) и К.Х.(32), двајцата државјани на Република Турција, поради сомнение за сторено кривично дело криумчарење мигранти.
Околу 02:30 часот, на автопатот Гевгелија–Скопје, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица сопреле патничко моторно возило „шкода октавија“ караван, со скопски регистарски ознаки, сопственост на рент-а-кар компанија, управувано од С.А.О., во кое како сопатник се наоѓал К.Х.
При извршен преглед на возилото, пронајдени се четири илегални мигранти од Египет, на возраст од 15 до 35 години.
По наредба на јавен обвинител, двете лица се задржани во Полициската станица Гевгелија, додека мигрантите се сместени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“.
По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-

Франција забрани социјални медиуми за лица под 15 години
-

Мицкоски на увид на инфраструктурни проекти во Општина Гази Баба
-

Фон дер Лајен: Ништо не може да го оправда едно од најмрачните поглавја во историјата на Европа - Холокаустот
-

Трамп: Царините за јужнокорејските стоки ќе се зголемат на 25 отсто
-

Македонија - нова туристичка ѕвезда во 2026 година | ВИДЕО
-

Повремен дожд и разведрување попладне
-

Автобус удрил во девојче кај скопско Ново Село, сообраќајот отежнат
-

Четири лица осомничени за трговија со дрога и хашиш во гевгелиско, предложен притвор
