Македонија
10. September 2025 - 19:11

Приведени две лица од струшко, при претрес во нивните домови пронајдена е дрога | ФОТО

Денеска (10.09.2025) околу 11:00 часот во струшкото село Луково, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад при Бирото за јавна безбедност  ги лишија од слобода П.К.(49) и М.К.(47), двајцата од Скопје.

При претреси  во нивните домови во истото село, извршени со судска наредба, пронајдени и одземени се марихуана и шприцеви исполнети со течност.

Лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.