Македонија
2. August 2025 - 18:44

Приведени пет малолетници од Дебар, во нив пронајдени цигари си замотана марихуана

На спортскиот полигон во Дебар, полициски службеници затекнале малолетници со рачно изработени цигари со марихуана, при што е приведено и едно полнолетно лице.

-Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи денеска во еден часот го лишија од слобода А.С.(18) од Дебар а приведени се пет малолетници, сите од Дебар, каде во присуство на нивните родители, адвокат за малолетници и претставници од Центарот за социјални работи извршен е разговор, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Притоа, родителите биле информирани дека при извршени контроли, нивните деца се затекнати на спортскиот полигон и пронајдени им се рачно изработени цигари со марихуана.

По целосно расветлување на настанот, ОВР-Дебар, во консултација со јавен обвинител, ќе поднесе соодветна пријава и известувања.

 

МИА