Приведени уште четири лица осомничени за проневерата во ФФМ

Полицијата најде четворица осомничени за проневерата на околу три милиони евра во Фудбалската Федерација на Македонија, по петиот се уште се трага.
За еден од осомничените веќе е определен притвор, за другиот мерки на претпазливост. За другите двајца осомничени, судот утре ќе одлучува какви мерки ќе им определи.
Во истрагата на Обвинителството осомничени се 18 лица и осум фирми, за проневери во ФФМ и перење пари, преку фиктивни услуги кои фирмите никогаш не ги извршиле. Првоосомничени се поранешните претседатели Илчо Ѓоргиоски и Мухамед Сејдини, како и управителката на финансии во Федерацијата Олгица Младеновска.
Судот претдходно определи ефективен притвор за тројца од осомничените, за петорица куќен притвор и за четворица мерки на претпаливост.
Ново на Сител
-

Нема нови потврдени случаи на западно-нилска треска
-

Протест во Крупиште
-

Охрид пулсира 24 часа
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
