Продолжен притворот за нови 48 часа на сите четворица опфатени со постапка за пожарот во Трубарево
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО – Скопје, донесе одлука со која се продолжува притворот за нови 48 часа за сите четворица опфатени со постапка за пожарот во Трубарево, информираат од Кривичен суд Скопје.
Поради основано сомнение дека со заеднички дејствија учествувале во извршување на кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, во врска со пожарот во Трубарево, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против четири лица за кои од судија на претходна постапка во неделата на 13 септември побара определување мерка краткотраен 48-часовен притвор за обезбедување докази.
- Нивните конкретни дејствија се испитуваат, но станува збор за 56-годишен управител и сопственик на 2 правни лица, 22-годишна управителка на трето правно лице, 42-годишник во својство раководител на подружница и еден 59-годишник вработен во правно лице. Се испитува потенцијална одговорност и на други лица, се вели во соопштението.
Четворицата се осомничени за кривичното дело од чл. 230 ст.3 вв со ст. 1 од КЗ, односно Загрозување на животната средина и природата со отпад.
Обвинителство вчера информираше дека денеска треба да почне увидот на лице место во однос на причините за пожарот во Трубарево и дека увидните екипи на терен ќе ги координира јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје.
По наредба на јавниот обвинител, како што беше информирано, екипи на СВР Скопје и вчера излегле на лице место со цел преземање дејствија и прибирање определени докази потребни во однос на постапката за загрозување на животна средина со отпад. - Во континуитет се преземаат повеќе дејствија на обезбедување и анализа на документација, информира Обвинителство.
Пожарот избувна во саботата на 13 септември околу 14 часот во складиште за рециклирање отпад во Трубарево.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, вчера попладне информираше дека пожарот е целосно изгаснат, а целата опожарена површна е затрупана со песок и земја.
Ново на Сител
-
Експлозив поставен пред хотел во Драч, полицијата изврши контролирана експлозија
-
Тошковски: Господ не може да ме убеди дека четири пожари на депонии за три дена се случајност
-
Претпладне облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд
-
Приведен управителот, управувачкиот комитет за кризи заседава во МВР
-
Орбан: Европа под водство на Фон дер Лајен оди кон провалија
-
МЗ: Да се почитуваат препораките на ИЈЗ кога постои евентуален ризик од загадување на воздухот и од штетни материи
-
Министерство за здравство: Ја следиме состојбата со пожарот во Трубарево, во координација сме со сите надлежни институции
-
КМФМ се оградува од настанот кој ќе се одржи во Јане Сандански: Шоу настан на кој наши членови нема да земат учество