Продолженија на четири собраниски седници
Собранието денеска ќе одржи продолженија на четири седници, на 50-та, 79-тата, 86-тата и на 71-та.
Од дневниот ред на 50 седница не е разгледана само една точка - Предлог законот за парнилната постапка во прво читање, а од 86-та се останати две точки - Предлог просторниот план на Националниот парк Пелистер 2016-2020 и Предлог законот за изменување на Законот за финансиска дисциплина, во прво читање.
На 79-тата треба да се расправа за три предлог закони за ратификација на договори и спогодби, за Предлог законот за гаранција на РСМ на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за поддршка на ликвидноста на АД ЕСМ Скопје во услови на енергетска криза, кој ќе се склучи меѓу ЕБОР и АД ЕСМ по скратена постапка, Предлог кодексот за престанување на важење на Кодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието на Република Македонија, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за просветната инспекција, во прво читање.
На продолжението на 71. седница е Годишниот извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2021 година, Годишниот извештај за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2021 година, предложените измени на Законот за работни односи, во прво читање, на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, Информацијата за пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија.
Ново на Сител
-
Убиство во психијатриската болница Бардовци
-
Тема на денот со Благојче Атанасоски
-
Матурантите постигнаа подобар успех од лани
-
Детали за акцијата на МВР
-
Сиљановска Давкова: Спортската неписменост и говорот на омраза се срам за сите
-
Беким Сали нов вицепремиер, ако Меџити победи во Чаир
-
Објавен огласот за избор на претседател на Антикорупциска, трае 10 дена
-
Статус Кво ситуацијата со скапо купените акцелератори за зрачна терапија, по една деценија се уште не се во функција