Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот
Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска продолжува амандманската расправа по ребалансот на Буџетот. Спорд информациите објавени на веб страницата на законодавниот дом, седницата треба да почне во 11 часот.
За ребалансот на Буџетот се поднесени околу 200 амандмани, од кои 160 од опозициската СДСМ.
Општиот претрес за ребалансот почна на 2 јули, а заедно со амандманската расправа трае вкупно десет дена.
Со ребалансот се врши реалокација на средства меѓу буџетските корисници, се дообезбедуваат средства за исплата на плати пред се во Министерството за внатрешни работи, каде е обезбеден раст на платите на вработените од 10 проценти, а обезбедени се дополнителни средства и за исплата на зголемени пензии и дополнителни околу 300 милиони денари за капитални расходи.
Вкупните приходи со ребаланост се проектирани на ниво од 362,4 милијарди денари, а расходите на износ од 403,7 милијарди денари, по еден процент (околу 3,5 милијарди денари) повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за годинава. Проекцијата за БДП останува 3,7 проценти, а инфлацијата е проектирана на ниво од 2,8 проценти. Буџетскиот дефицит останува непроменет и во апсолутен износ и како процент од БДП, односно 41,3 милијарди денари или 4 проценти од БДП. Капиталните расходи, пак, на износ од 47,5 милијарди денари. Државниот долг на крајот на 2025 година според проекциите на Владата ќе изнесува 53,3 проценти од БДП, а јавниот долг се очекува да биде на нивото од 62,1 процент.
Ново на Сител
-
Градежен работник починал од струен удар
-
ЕП: Албанија е единствена земја на Западен Балкан каде сите политички актери се проевропски
-
ЕЦХР изрече две пресуди против Русија поради кршење на меѓународното право во Украина
-
Мизрахи: Од сега, до шест обиди за ин-витро оплодување ќе бидат покриени од Фондот за здравствено осигурување
-
Зеленски повика на „болни“ санкции за Русија по масовниот напад со дронови
-
Усвоен Извештајот на Вајц за Македонија
-
Приведен газдата на депонијата во Визбегово, еден пожарникар повреден при интервенцијата
-
„Ер трактор“ вклучен во гаснењето на пожарот кај Визбегово