Македонија
9. July 2025 - 19:53
Пожарот кај Николиќ трет ден е активен, огнот се шири со помош на силниот ветер
Пожарот во Дојранско, кај селото Николиќ, трет ден е активен. Најголем проблем претставува силниот ветер, кој и покрај утринската стабилизација, повторно ги разгори пламените јазици над селото.
Во гаснењето се вклучени пожарникари од Гевгелија и Валандово, доброволното противпожарно друштво од Дојран, како и екипи од ЈП Македонски шуми. Освен од копно, утрово се интервенираше и од воздух со хеликоптер.
Огнената стихија досега има зафатено околу 300 хектари шума, претежно нискостеблеста и деградирана, со лесно запаливи растенија кои брзо го шират огнот.
Засега причините за избувнувањето на пожарот остануваат непознати. Но постојат сомнежи дека и овој пожар можеби е предизвикан од човечки фактор.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар
-->
-->