Македонија
30. September 2026 - 16:35

Нови детали од планот на Фон Дер Лајен

Албанија, Црна Гора, Молдавија и Украина ќе добијат патокази за да го забрзаат процесот на пристапување во Европската Унија во наредните години. Македонија останува во групата со Косово, Србија, Босна и Херцеговина и Турција за кои процесот се одолговлекува со децении и растат стравувањата дека тие би можеле да се дистанцираат од ЕУ или да се приближат повеќе кон Русија или Кина.

На овие земји, според планот на Комисијата ќе им бидат понудени економски придсобивки а пристапот до единствениот пазар ќе зависи дали ќе се воздржат од споделување клучни технологии со ривалски држави како и со доследно почитување на демократските стандарди.

Како што пренесува Политико, ова е содржано во нацрт документот подготвен од Александар Адам главен советник на фон дер Лајен и креатор на францускиот предлог, што претседателката на Комисијата ќе го претстави на средбите со државниот врв во петок во Скопје.

„При проценката на пристапот треба да се земат предвид стратешката усогласеност, критичните зависности и капацитетот за управување со ризиците за инфраструктурата и синџирите на снабдување. Кога овие услови не се исполнети, опфатот на учеството треба да се приспособи во согласност со применливиот инструмент., пишува во документот што го објавува Политико.

Мицкоски денеска изјави дека ставот на Владата во однос на евроинтегративниот процес е познат и дека е подготвена да разговара и да бара решение. Од опозицијата пак прашуваат дали власта не сака во ЕУ?

Прашањето е зошто Македонија е изоставена од акционите планови на Унијата, а Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина добиваат пат.

Затоа што реформите стојат. Втор рок истече. 1 јуни беше ветување. Ништо, ниту глас.

Судство на телефон. Обвинител партиски. Извештајот на ЕК катастрофален. Арамијата и бандата не сакаат ЕУ. Затоа што ЕУ носи правила. Закон којшто важи за сите. Независни институции. Слобода на медиуми, велат од СДСМ.

Со пристигнувањето во Тирана, Урсула фон дер Лајен од денеска ја започнува турнејата низ Западен Балкан. Во петок во Скопје, претседателката на Европската Комисија ќе има официјални средби со премиерот Мицкоски и претседателката Силјановска Давкова.