Продапна уште еден обид за деблокада на реформите во Изборниот законик
Министерот за правда лично ќе го бара Филипче во обид да го врати на преговарачката маса за реформите во изборниот законик. Денешниот нов обид за договор меѓу парламентарните политички партии заврши како и претходниот. Столчето на СДСМ остана празно.
Седнале денеска во Министерството за правда ВМРО и нивните сателити од Левица да се договараат за изборни криминали, реагираше СДСМ одбивајќи го министерот.
„Шасивари прифатил да играта како што му свири Мицкоски. Кога зборуваат за „подобар Изборен законик“, во реалноста зборуваат за закон кој ќе им овозможи полесна кражба на изборите. Нека не се мачи Шасивари. СДСМ не седнува на маса со криминалци и со нивни измислени сателити нив ниту пак ќе им дозволи изборен грабеж.“ – се вели во соопштението на СДСМ.
Во услови кога измените на изборниот законик може да се блокираат со амандмани, средбите во отсуство на СДСМ немаат суштина, констатираа останатите политички партии повторувајќи ги своите позиции. ВМРО-ДПМНЕ бара гласање на дијаспората, Левица се мисли за гласање преку пошта но бара фер финансирање и една изборна единица, позиција за која има поддршка и од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ но и од ДУИ.
СДСМ се повлече од преговорите за изборниот законик откако мнозинството во Собранието ја укина Пржинската влада. Кога измените влегоа во Собрание партијата поднесе над 9000 амандамни противејќи се на гласањето на дијаспората. Филибастеринг прави и Левица која има над 4500 амандмани. Измените на изборниот законик се дел од реформската агенда.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
