Loading Video...
Балкан
3. April 2023 - 16:33

Продолжува неизвеноста по изборите во Бугарија

Изборите во Бугарија повторно без јасен победник. Според податоците на Централната изборна комисија, ГЕРБ на Бојко Борисов е во благо водство пред политичкиот противник Кирил Петков со Промените продолжуваат, а ваков резултат, гласачите испорачаа и на изборите во Октомври. Според жителите на Софија, и овие избори значат понатамошна блокада – не веруваат дека ќе се формира Влада.

Со излезност од 40,5 отсто, бугарските државјани на Борисов му обезбедија 69 пратеници, Петков освои 64, а трети на листата се националиситичката Преродба со 37 мандати.. Шоуменот Слави Трифонов обезбеди 11 пратенички столчиња.

Ваков резултат испорачале и граѓаните кои гласаа во Македонија.

Од вкупно 453 лица кои се појавиле на гласачките места во земјава, најмногу гласови освоила ГЕРБ, а веднаш зад неа е Промените продолжуваат.. Сличен број гласачи од земјава имаше и на изборите во октомври.