Продолжува претресот во домот на поранешниот британски принц Ендрју по обвиненијата за поврзаност со Епстин

Британските истражители продолжуваат со претресот во поранешната резиденција на Ендрју Маунтбатен-Виндзор во Беркшир откако поранешниот принц беше ослободен по апсењето под сомнение за злоупотреба на службената должност.
Ендрју беше приведен вчераутро по обвиненијата што произлегоа од објавувањето на документи поврзани со педофилот и финансиер Џефри Епстин.
Ова е првпат во модерната историја да биде уапсен истакнат член на британското кралско семејство. Тој вчера помина околу 11 часа во притвор.
Поранешниот кралски член е снимен како синоќа ја напушта полициската станица Ејлшам во Норфолк за подоцна да се врати во Сандрингам поминувајќи со автомобилот покрај собраните новинари.
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека неговото апсење е „многу тажно“ и додаде дека смета оти тоа е „многу лошо за кралското семејство“.
Поранешниот војвода беше приведен на својот 66-ти роденден поради обвинувања дека му пренел чувствителни информации на Епстин додека бил специјален трговски претставник на Велика Британија.
МИА
Ново на Сител
-

Меѓународна конференција на Паневропската унија во Македонија
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

Гинеколози - ХПВ вакцинацијата спречува појава на повеќе видови на рак
-

Сиљановска-Давкова: Добро е што ќе има нов закон за помилување бидејќи стариот не личи на закон
-

Преглед на вестите од светот
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Под истрага шест лица за транспортот и логистиката на марихуаната од Македонија во Србија
