Продолжуваат врнежите, в недела снег и на пониските места

Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Пообилни врнежи ќе има в недела кога ќе преминуваат во снег и на некои од пониските места.
УХМР најавува дека утре минималните темпартури ќе се движат од -2 до 6 степени, максималните од 4 д 11, а задутре од 0 до 6 степени, односно од 3 до 8. Од понеделник следуваат минимални температури и до - 5, а максимални и од 13 степени.
Како што најави УХМР, денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Во западните делови ќе дува слаб ветер од променлив правец, а во источните умерен, повремено засилен ветер претежно од северозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16 степени. Во Скопје променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
МИА
Ново на Сител
-

Превозниците во паника – не депортираат од Унијата како криминалци
-

Од денеска извод за родени, (не)венчани и умрени можете да си извадите електронски
-

Трамп го формираше Одборот за мир, со нејасни цели и контроверзен состав
-

Фидоски положи свечена заклетва
-

Седум и пол години затвор за обид за убиство на бабата и шурата
-

Охрид ја засилува патролата
-

Преглед на вестите од светот
-

Протест пред Усје, граѓаните бараат итна дислокација
