Македонија
17. August 2015 - 16:47

Проектот за вработување на 300 лица со инвалидитет во завршна фаза

Лицата со инвалидност вработени во администрацијата успешно ги завршуваат работните обврски, истакна министерот Диме Спасов. Според него во завршна фаза е проектот за вработување 300 лица со интелектуална попреченост и телесен инвалидитет.

-Со огласот беа опфатени најранливите лица со инвалидност кои подолг период се без работа и се во најтешка материјална состојба. Опфатени се слепи и слабовидни лица, глуви и глувонеми, лица со комбинирани пречки, со интелектуална попреченост и со телесен инвалидитет, рече Диме Спасов, министерот за труд и социјална политика.

Поголемиот дел од лицата со инвалидност добија работа во Министерството за труд и социјала, Центрите за социјална работа, Аненцијата за вработување и во 100-тина други државни институции, и многу добро биле прифатени од колегите.

- Позитивно е да се истакне дека нивото на свесност кај сите граѓани постојано се зголемува. Со сите овие проекти влијаеме да бидат прифатени лицата со инвалидност во секојдневието на нашето општество, бидејќи тие се рамноправни чинители во него, рече Спасов.

Слепите лица добија нови помагала. Годинава министерството за труд и социјала за оваа намена ќе издвои околу 1 милион денари. Ќе бидат обезбедени вкупно  800 говорни мерачи за притисок, за шеќер во крвта, индикатори за течност, говорни топломери и часовници, кои треба да им го олеснат животот на слепите лица,