Професионализација на дипломатската служба
Претседателката ја поддржува Владата во намерата за професионализација на дипломатскиот кадар.
Шефот на дипломатијата потврди дека 6 од новите 9 предложени амбасадори се дипломати од кариера, но како што рече нивните имиња во овој момент не може да бидат објавени.
Сител веќе објави дека екс министерот Муртезани, и Илина Мангова од невладиниот сектор заминуваат во дипломатија а заедно со нив, во Приштина ќе патува и професорката од Институтот за национална историја Катерина Тодороска која има експертиза на македонско – албанските врски и како кадар на ЗНАМ ги заокружува трите именувања на амбасадори надвор од МНР.
Останатите шестмина се дипломати од кариера. Тие ќе ги поплнат амбасадите во Софија, Канбера, Стокхолм, Хаг, Букурешт и во Мисијата на Советот на Европа.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
