Производителите на ориз најавуваат радикални протести
Радикализација на протестите најавија оризопроизводителите по одлуката дека ќе биде замрзната цената на оризот. Доставија листа со 14 барања до Владата, помеѓу кои, итна исплата на субвенциите до Нова Година и достава на неискористените картички за зелена нафта. Утврдување на откупната цена во опсег 25 до 30 денари за килограм арпа и 55 до 60 денари за килограм бел ориз.
Ние оваа година со цената која што ја имаме и добиените средства не можеме да ги покриеме основните трошоци и веќе сме во загуба. Бараме нашето производство да биде реално платено, изјави Тони оризопроиводител.
Бараат и да им се овозможи слободен увоз на репроматеријали, целосен надзор врз вештачките акумулации и забрана за неконтролирано испуштање на вода вон водоснабдителна сезона, како и ослободување од плаќање наемнина за земјоделско земјиште за 2021 година.
Владата во наредните неколку денови да изнајде можност и начин, да не повика и заедно да седнеме да ги елаборираме сите доставени барања до нив, со цел да бидат изнајдени решенија, за да понатаму не ескалира состојбата во несакан правец, изјави Ставре Јанев, претседател на ССИЗП(Самостоен синдикат на индивидуални земјоделски производители).
Заради ублажување на последиците од Ковид пандемијата, Владата да донесе одлука за бришење на каматите за заостанатите обрвски кон ПИОМ и ослободување од аконтативно плаќање на персонален данок при откуп.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар