-->
-->
Пролетно утро со темепратури над нулата
-->

Утрово температурите во државата над нулата. На Попова Шапка, Mаврови Анови и во Лазарополе, 2 Битола, Берово, 4 Крива Паланка, Тетово, Охрид, Прилеп, Kрушево, 5 Претор, Демир Капија, 6 Штип, Виница, Велес, Кавадарци, 7 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Струмица, 9 Гевгелија, соопшти УХМР.
Во изминатите 24 часа до 08 часот врнежи од дожд од 1 l/m2 на Попова Шапка, каде има и снежна покривка од 32 см.
Времето денеска сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21 степен.
Во Скопје, сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 21 степен.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Цената на нафтата од Северното море со драстичен скок, авиокомпаниите имаат гориво за уште 3 недели
-

Алергиите кај деца во подем - кивање, чешање на очи и на нос
-

Зголемена фреквенција но не и застој
-

Велики петок, најтешкиот ден во христијанството
-

Историски исчекор за МПЦ во Италија
-

Утре САД и Иран на преговори во Пакистан
-

Унгарија пред политички крстопат – сè е подготвено за изборите в недела
-

Православните христијани го одбележуваат Велики петок, најтажниот ден во годината
