Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а наместа ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), под влијание на циклонска активност до средината на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни со наврнати над 20 литри на квадратен метар, особено во недела.
Локално процесите ќе бидат во форма на невреме проследени со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Во вторник под влијание на постуден бран врнежите на некои од повисоките планини ќе преминат во врнежи од снег.
МИА
Ново на Сител
-

Ристовска го тужи ВМРО-ДПМНЕ
-

Владата пресмета 11.000 денари пониска потрошувачка кошничка од синдикатот
-

СДСМ: Никој не гласаше за 600 евра минимална плата
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е како бугарски амбасадор во Македонија
-

Цените на угостителските услуги растат, но што добиваат гостите
-

Во Босилово одржан 68-миот државен натпревар за трактористи
-

Преглед на вестите од светот
-

Аналитичарите не гледаат суштински резултат по средбата во Софија, ова е прв чекор во деблокада на процесот
