Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, викендов снег на планините

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а локално врнежите ќе бидат пообилни и ќе надминат 20 литри на метар квадратен за 24 часа.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималните температури ќе се движат од 3 до 8 степени, додека максималните ќе достигнат од 6 до 12 степени.
Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и кон крајот на денот.
Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а температурата ќе се движи од минимални 5 до максимални 10 степени.
Според прогнозата, под влијание на циклонска активност, за време на викендот времето ќе биде облачно и врнежливо.
Во сабота на одредени места се очекуваат пообилни врнежи од над 30 литри на метар квадратен за 24 часа.
Со продор на постуден воздух од север, врнежите ќе преминуваат во дожд и снег во некои од пониските места, додека на повисоките места и на планините ќе бидат од снег.
На планините се очекува формирање снежна покривка до 20 сантиметри, а помала покривка од 2 до 10 сантиметри ќе се формира и на повисоките места.
Во недела, кон крајот на денот, врнежите ќе престанат, а од понеделник времето ќе биде стабилно и студено.
МИА
Ново на Сител
-

Од Собранието најавија итна седница за измените за заштита од насилство штом Владата испрати издвоено мислење
-

Тема на денот со Марта Гусар, адвокат
-

Пензиските друштва го чекаат потенцијалното решение за реформа
-

Комората на вештаци со конкретни резултати по две години од основањето
-

Седница за пратенички прашања
-

Над два милиони евра ќе треба да вратат фирмите за брзи кредити на оштетените потрошувачи
-

Дата центри ќе се градат – Потребна е транспарентност од надлежните да кажат колку ќе трошат струја
-

Студентите бараат 4.500 денари месечно за оброк, Владата најавува нов систем со двојно бенефиции
