Променливо облачно со сончеви периоди и повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди и повремени локални врнежи од дожд.
Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец, кој на места ќе достигнува брзина над 80 километри на час.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 13 степени, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.
Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 24 степени.
Од УХМР нагласуаат дека под влијание на серија од влажни бранови следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет.
По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.
Денеска ќе преовладува релативно топло време со температури кои ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 км/ч).
Од утре поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање, особено во северните делови.
МИА
Ново на Сител
-

Ива Михаилова избегала од државата по козји патеки?!
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Поради паузи не се одржа седницата за опозициски прашања во Собранието
-

Поради паузи не се одржа седницата за опозициски прашања во Собранието
-

ВМРО-ДПМНЕ бара утре да продолжи надзoрната расправа за Aлта банка
-

СДСМ поднесе кривична против гувернерот за Алта банка
-

Новата шефица на ОЈО ГОКК најавува поефикасен прогон, Алта банка е меѓу темите што се следат
-

Радев: Проблемите на Бугарите во Mакедонија се влошуваат
