Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Од Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најавија променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.
Претпладне по одделни котлини се очекува да има услови за појава на магла. Најавено е да дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Температурата ќе се движи од 6 до 20 Целзиусови степени.
Во Скопје, исто така, се очекува променливо облачно време, претпладне ќе има услови за појава на слаба магла.
Попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд.
Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.
Температурата ќе се движи од 10 до 17 Целзиусови степени.
За новата работна седмица, синоптичарите најавија да преовладува променливо облачно и претежно стабилно време.
Ќе дува слаб до умерен, а утре и во вторник наместа долж Повардарието, повремено засилен северен ветер.
МИА
Ново на Сител
-

28 питомци со свечена воена заклетва
-

За два дена над 800 граѓани од ризичните групи вакцинирани против грип
-

Преглед на вестите од светот
-

Ново судење за апелациониот судија Ѓоко Ристов
-

Премиерот Мицкоски на Самит на Берлински процес во Црна Гора
-

СДСМ: Следува нов ценовен удар - Мицкоски одбива повисоки плати, граѓаните тонат во сиромаштија
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5%
-

Собраниска дебата за измени на Законот за Народен правобранител
