-->
-->
Променливо време со силен ветер и дожд од средината на неделата
-->

До средината на следната седмица ќе се задржи стабилно и релативно топло време, проследено со умерен северозападен ветер.
Според прогнозите на УХМР, ветерот ќе биде поизразен во среда, кога на моменти ќе засилува до силен, а долж Повардарието ќе достигнува брзина и над 70 километри на час.
Во среда ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во западните делови. Во четврток ќе преовладува променливо облачно, а во следните два дена облачно со локални врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во сабота.
Од петок, ветерот ќе го смени правецот и ќе дува од југоисток, што дополнително ќе влијае на временските услови во наредните денови.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Што државата треба да преземе за да се справи со кризата
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
-

Психолог од Битола во притвор, осомничен во истрага за детска порнографија
-

Државата ќе проценува кои препораки за штедење гориво се применливи кај нас
-

Поскапе храната во светот, објави ФАО
-

Три нови услуги за високо образование воведени на порталот Е-услуги
-

Ректорите на државните универзитети потпишаа Меморандум со агенцијата ИНОВА: Поддршка за истражувања и студентски стартапи
