Поскапе храната во светот, објави ФАО
Поскапе храната во светот, објави ФАО. Повисоките цени на нафтата и ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток ги зголеми цените за 2,4 отсто во март во споредба со февруари. Според Организацијата за храна на Обединетите нации, по повисоки цени се продавало месото, млечните производи, житарките, додека највисок скок од 7,2 е регистриран кај шеќерот и над 5 отсто кај маслото за јадење. Сепак, ова зголемување, според главниот економист на ФАО, било умерено.
„Зголемувањето на цените од почетокот на конфликтот беше умерено, поттикнато главно од повисоките цени на нафтата и ублажено од изобилството на глобални залихи на житарки. Но, ако конфликтот се продолжи повеќе од 40 дена со високи трошоци за влезни материјали со моментално ниски маржи, земјоделците ќе мора да изберат: да го одгледуваат истото со помалку влезни материјали, да садат помалку или да преминат на помалку интензивни култури со ѓубрива. Овие избори ќе влијаат врз идните приноси и ќе ги обликуваат нашите залихи на храна и цените на стоките за остатокот од оваа година и целата наредна.“, изјави Максимо Тореро, главен економсит на ФАО
Растот на цените на нафтата, заедно со поскапување на губривата, ќе натера некои земјоделци да се преориентираат кон производоство на култури кои бараат помалку ѓубрива. Ескалацијата на војната ја зголеми и цената на пластиката и полимерите, која е највисока во последните 4 години. Трошоците за производството им се за 100 отсто зголемени, но се стравува од можно дополнително покачување. Дел од фабриките за производство мораа да ги затворат погоните, додека поголемите ставуваат од недостиг на пластика во блиска иднина.
„Најважното прашање во моментов има два дела. Првиот е понудата, што е најкритично и за нашите клиенти и за нас. Вториот е цената, но тоа е секундарен фактор. Понудата е главната грижа. Сите клиенти се многу загрижени, па затоа ги доставуваат своите нарачки и ги прават сега. Имаме фабрики во неколку земји, како што е Индија, каде што пластичните пелети не се во недостиг, но цените се повисоки. Уверени сме дека можеме да се справиме со ова во следните три месеци. Сепак, на подолг рок, во период од шест до осум месеци, мислам дека ќе има глобален недостиг на материјали бидејќи суровините како природниот гас и нафтата од Блискиот Исток сочинуваат околу 20 до 30 проценти од глобалното снабдување.“, извршен директор на ЕКА, глобален претседател и главен извршен директор на групацијата, Чаиват Нантируџ.
Ефектите од војната веќе се чувствуваат и во хемиската, алуминиумска и стаклена индустрија, а најпогодени сектори се за производоство на челик, цемент и ѓубрива. Поради нарушениот синџир за снабдување, економситите очекуваат дополнително поскапување на храната.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
