-->
-->
Пронајдена жена која се изгуби на планината Китка
-->

На 10.09.2022 oколу 18.30 часот полициски службеници од Полициската станица Драчево на планината Китка ја пронашле Р.С.(54) од Скопје, за која во 15.44 часот во Полициската станица Драчево нејзиниот сопруг В.С.(56) од Скопје пријавил дека, додека биле на планината, во близина на планинарскиот дом, се оддалечила и најверојатно се изгубила, информираат од МВР.
На местото веднаш биле испратени полициски службеници од Полициската станица Драчево, Единицата за интервентна полиција и куче трагач, по што Р.С. набрзо била пронајдена во добра здравствена состојба и вратена кај сопругот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

На Попова Шапка 97 сантиметри снег
-

Собранието треба да ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и да го избере Гоце Наумовски за нов уставен судија
-

Јавна расправа за работната верзија на Предлог законот за високи раководители во органите на државната управа и фондовите
-

Зеленски вели дека украинскиот народ нема да му дозволи да го отстапи Донбас на Русија
-

Мерц ја исклучи можноста Германија да поседува нуклеарно оружје
-

Променливо облачно со умерен до засилен северен ветер
-

Поради излевање на Вардар пренасочен сообраќајот на патот Гостивар-Чегране, снег на Деве Баир, Делчево, Страцин и Пониква
-

Во Женева заврши првиот ден од преговорите меѓу Русија, САД и Украина
