Проштална средба на Гаши со американската амбасадорка Агелер

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска ќе оствари проштална средба со амбасадорката на САД Анџела Агелер.
Агелер својата дипломатска мисија во земјава ја почна во ноември 2022 година. Таа во декември се најде во фокусот на јавноста не поради протоколарен крај на мандат, туку поради политичка одлука од Вашингтон. Американската амбасада тогаш потврди дека таа е меѓу дипломатите што ќе бидат повлечени, во пакет што медиумите го поврзаа со одлука на администрацијата на Доналд Трамп да отповика речиси 30 амбасадори, најголем дел кариерни дипломати, именувани од претходната администрација.
Агелер е дипломат од кариера која не беше првпат во Македонија. Таа претходно беше службеник за односи со јавноста во Американската амбасада во Скопје и тоа од 2011 до 2014 година. Потоа работела и како аташе за култура и печат на Амбасадата во Ханој, Виетнам, портпарол на Бирото за конзуларни прашања при Стејт департментот, конзул и врска со американската заедница во Амбасадата на САД во Париз,Франција и вицеконзул и заменик аташе за печат во Њу Делхи, Индија.
Пред да се приклучи на Службата за надворешни работи во 1998 година, Агелер работеше за Стејт департментот во амбасадите на САД во Уагадугу, Буркина Фасо и Будимпешта, Унгарија, како и во Генералниот конзулат во Мадрас, Индија.
МИА
Ново на Сител
-

УЈП: До 15 јануари регистрација и дерегистрација на ДДВ обврзници
-

Почина Рејчел Нахмијас (108), најстарата битолска Еврејка која го преживеа Холокаустот
-

Усвоен Годишниот план за Праведна транзиција 2026: Фокус на работниците и отворање нови можности за вработување
-

Алонсо сам одлучи да го напушти Реал поради себичноста на играчите и отсуството на поддршка од раководство
-

Се намалуваат водостоите на реките
-

Чупиќ: Треба добро да се подготвиме за тоа што не очекува
-

Кансело потпишува договор со Барселона
-

ФИФА продолжува со казните - олеснета касата на ФС Црна Гора
