18 години од хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце во која загинаа 11 припадници на воздухопловниот винг
18 години од хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце во која животите ги загубија 11 припадници на составот на воздухопловниот винг кои се враќаа од мировната мисија АЛТЕА во Босна и Херцеговина.
Семејствата на загинатите како и делегации од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата положија свежо цвеќе на спомен обележјето.
-Важно е што сите заедно, еве заедно со Началникот на Генералштабот, со генералите, со градоначалникот, со сите припадници на Армијата доаѓаме тука да покажеме дека овие луѓе никогаш нема да бидат заборавени. Тука се сите семејства, кадешто заеднички со нив оддаваме почит и да покажеме дека овие мировници, овие луѓе се херои на Македонија. Затоа и секогаш Македонија нека ги памети, бидејќи со нивните дела покажале како се сака државата, како се сака татковината, рече министерот за одбрана Владо Мисајловски.
Хеликоптерот Ми-17 се урна во селото Блаце на само 50-тина метри од последните куќи во селото. Во услови на намалена видливост поради густа магла, хеликоптерот ја почнал постапката за слетување на скопскиот аеродром. На падот на армискиот хеликоптер му претходела и експлозија.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар
