Протест на жителите од струшко Враништа кои се оставени без вода и канализација
21 век без канализација, секое лето без вода, заштита на животната средина се само дел од паролите со кои жителите од струшко Враништа преку протест го изразија својот револт незадоволни од скратените права кои сеуште ги немаат.Тие велат дека во овие летни горештини се оставени сами на себе без вода и притисок особено во овој период кога се соочуваме со ширење на заразата од Ковид 19.
И покрај ветувањата од сите политички партии дека ќе им се реши деценискиот проблем од сето тоа сеуште ништо.
Од Месната заедница на село Враништа поднесено било барање за инсталација на канализациона мрежа до Општина Струга и до Министерство за транспорт и врски, но сеуште немале повратен одговор.
Враништанци бараат и изградба на пешачка и велосипедска патека по која ќе се движат безбедно со оглед на тоа што самиот регионален пат поминува низ селото а пристапот е кајно небезбеден за мештаните.Тие најавија дека не застануваат тука ќе продолжат со протестите и блокирање на регионалниот пат Струга –Дебар се додека не им се реши проблемот со канализационата и водоводната мрежа .
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
