Протести во Данска и на Гренланд поради плановите на Трамп за преземање на островот

Во Копенхаген и неколку други дански градови како и во главниот град на Гренланд денеска ќе се одржат протести поради амбициите на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на контролата врз островот.
На повикот на неколку гренландски организации повеќе илјади луѓе на социјалните мрежи најавија дека ќе учествуваат во протестите во Копенхаген, Архус, Алборг и Оденсе.
Целта е да се испрати јасна и едногласна порака во корист на почитувањето на демократијата и основните човекови права во Гренланд, националната организација на гренландските граѓани во Данска, Уагут.
Коалицијата на локални гренландски организации сака да го искористат присуството на делегација на американскиот Конгрес во Копенхаген, за да се слушне нивниот глас.
Трамп во вториот претседателски мандат повеќе пати изјави дека САД треба да имаат контрола врз огромниот, стратешки важен, но ретко населен арктички остров што ѝ припаѓа на Данска. Според него, Гренланд е важен за националната безбедност на САД и оти ќе ја преземе контролата „на еден или друг начин“ за да се спротивстави на руските и кинеските интереси на Арктикот.
Советник на Трамп, Стивен Милер синоќа за „Фокс њуз“ ја потврди позицијата на САД за Гренланд.
– Гренланд е четвртина од големината на САД, со сето должно почитување, е мала земја со мала економија и мала војска, која не може да го брани Гренланд … Но. САД немаат намера да трошат милијарди долари за одбрана на територијата, а неговиот суверенитет да и го остави на Данска, истакна Милер.
Протестите ќе се одржат три дена по состанокот во Вашингтон каде што данските претставници признаа дека во моментов нема можност за договор со американските лидери за иднината на автономната територија.
Неколку европски лидери изразија поддршка за Данска, а Трамп вчера се закани со зголемување на царините за земјите кои не го поддржуваат неговиот план за Гренланд.
Франција, Шведска, Германија и Норвешка, заедно со Холандија, Финска и Велика Британија пред два дена на Гренланд распоредија воен персонал за извидувачка мисија, како дел од вежбата „Арктичка издржливост“ на Данска, организирана со сојузниците на НАТО.
Ново на Сител
-

ДИК ги објави конечните резултати од повторените избори
-

Прв смртен случај со грип оваа сезона – почина 75 годишна жена на Инфективна
-

Со задолжување од милијарда евра ќе се враќаат стари долгови, но ќе следи уште едно во следното тримесечје
-

Ќе има ли доволно пазарни инспектори за контрола на новиот закон за пушење?
-

Проектот Мој ДДВ не се укинува
-

Новогодишно украсување: Штипјани најскапо ги чинело, а една фирма добила скоро 80% од тендерите
-

Објавен е огласот за нов републички јавен обвинител
-

Преглед на вестите од светот
