Прв телефонски разговор меѓу Калас и Рубио, темите биле Украина, Иран и Кина
– Високата претставничка на Европската унија за надворешни работи Каја Калас и американскиот државен секретар Марко Рубио синоќа го имале првиот меѓусебен телефонски разговор откако на 20 јануари администрацијата на претседателот Трамп ја презеде власта во САД, а главните теми им биле војната во Украина, Иран и Кина.
Разговорот доаѓа во време на зголемена европска загриженост за тоа што новата администрација, со нејзиниот пристап „Америка на прво место“, ќе значи за трансатлантските врски во одбраната и безбедноста, економијата, трговијата и другите области.
„Разговаравме за глобалните прашања каде ЕУ и САД имаат заеднички интереси, вклучувајќи ја руската војна во Украина, злобното влијание на Иран и предизвиците што ги носи Кина“, објави Калас на платформата „Х“.
„ЕУ и САД се секогаш посилни заедно. Со нетрпение очекувам да се сретнеме наскоро“, наведе поранешната естонска премиерка во својата објава на Х.
Официјален претставник на ЕУ, кој сакаше да остане анонимен, рече дека Калас и Рубио се фокусирале на заедничките приоритети.
„Тие се согласија за потребата да се одржи максимален притисок врз Москва да се придвижи кон праведен и одржлив мир во Украина.
Разговараа и за дестабилизирачката улога на Иран и политичката транзиција на Сирија“, рече претставникот.
Американскиот претседател Доналд Трамп побара членките на НАТО да потрошат пет отсто од својот БДП за одбрана, што е значително зголемување од сегашната цел од два отсто и ниво што ниту една земја на НАТО, вклучително и САД, во моментов не го постигнува.
„Калас ги нагласи зголемените инвестиции на Европа во одбраната и нејзината подготвеност да преземе поголема одговорност, заедно со важноста од диверзификација на снабдувањето со енергија“, рече претставникот на ЕУ.
Ново на Сител
-
Ѓорчев: Добра е стратегијата на македонската дипломатија на бугарската политика
-
Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Бугарија
-
Економијата во првиот квартал годинава пораснала за 3%
-
Синдикатите поделени околу спуштањето на прагот за репрезентативност од 10 на 5%
-
Безбедносната зона околу Собрание нема да значи забрана за протести
-
Тошковски: МВР издаде пасош за Јахоски по одлука на судот
-
Марта Кос се понуди да ги олеснува разговорите меѓу Скопје и Софија
-
Инспекторите за јазици бараат плата, но не и да говорат на македонски – можно решение по гласање на законот