Прва посета на амбасадорката на Кина на Охрид

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денеска имаше средба со амбасадорката на НР Кина, Џијанг Сјаојан, која се наоѓа во прва официјална посета на општина Охрид.
Како што соопштија од Кабинетот на Пецаков, на средбата било разговарано за можностите за зајакнување на заедничката соработка во повеќе општествени сфери, пред сè, во делот на туризмот, економијата и културата.
Притоа градоначалникот ја информирал амбасадорката дека од година на година се зголемува бројот на туристи што го посетуваат Охрид и изразил надеж дека таквата тенденција ќе продолжи и во иднина и оти тоа ќе биде случај и со туристите од Кина.
Соговорниците ги потенцирале и важноста на културната размена и можноста за гостување на уметници од Кина на фестивалот Охридско лето.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Приведени повеќе лица во акција за даночни измами
-

Премиерот Мицкоски во посета на Кратово
-

СДСМ: Владата го загрозува партнерството со САД и ЕУ
-

Охрид подготвен за Водици
-

Штипското ЈП „Исар“ годишно губи 2,5 милиони евра од загуби на вода
-

Преглед на вестите од светот
-

Акција за разбивање за злосторничко здружување и перење пари
