Пуштен е во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“, 1.150 студенти добиваат современи услови за живот и студирање

Во реконструираниот студентски дом „Стив Наумов во Скопје, кој има капацитет од 1150 легла, има европски услови. Она што студентите треба да го прават е само да се посветат на учењето, да ги завршат студиите, се разбира и понатаму да напредуваат, рече премиерот Христијан Мицкоски, кој заедно со министерката за образование и наука Весна Јаневска присуствуваше на пуштањето во употреба на домот.
Вели дека проблеми има, дека како влада наследиле многу, како што вели илјадници, но дека секој ден решаваат по некој проблем.
- Еве денеска сме тука да присуствуваме на ова навистина прекрасно здание, студентскиот дом „Стив Наумов“. 1150 студенти овде ќе ја градат својата студентска иднина. Практично, условите кои што денеска ги имаат се навистина, како што кажаа некои од претходните говорници, најдобри во регионот, можеби и пошироко. Навистина имаме европски услови, тоа кое што тие треба да го прават само да се посветат на учењето, да ги завршат студиите, рече Мицкоски.
Она, нагласи тој, кое како влада го прават додека некои седат и од страна само критикуваат без аргументи, е испораката на проекти и исправање на пропустите и грешките од минатото, а за жал се илјадници.
- Работиме по приоритети, работиме врз основа на можностите кои што ги имаме на располагање. Голема благодарност до нашите партнери, Германската развојна банка, Европската Унија, голема благодарност до колегите од Владата, до вработените во студентскиот центар, во студентскиот дом тука, за трпението. Наеднаш ќе имаме 1.150 нови легла, капацитет што досега го немавме. На крајот на овој месец, следниот месец очекуваме да се пушти и вториот студентски дом, така што во еден момент ќе имаме и повеќе од 1.500 легла на располагање за студентите кои што до сега ги немавме, коишто ќе бидат со европски услови како што и амбасадорот на ЕУ, господинот Рокас кажа- state of art, истакна Мицкоски при посетата.
MИА
Ново на Сител
-

Цар Самоил добива саркофаг од македонски мермер со натпис „Самоил во Христа Бога, цар на Бугарите“
-

Неверојатен случај во Фиџи: 40 килограми кокаин чувани како доказ во суд исчезнале и биле заменети со брашно
-

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради посета на Урсула фон дер Лајен
-

Скопјанец му се заканувал преку телефон на полицаецот кој предходно му пишал казна
-

Татко во кривопаланечко си го нападнал малолетнит син со остар предмет
-

25-годишник обил сеф на ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје и одзел девет пиштоли
-

Мицевски: Филипче губи контрола, со навредливи зборови кон премиерот манифестира силен страв и впечаток дека е притиснат од внатрешни поделби
-

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија
