Путин доби овластување да одобрува воени операции за спасување Руси приведени во странство

Руските вооружени сили во иднина ќе можат, со одобрение од претседателот Владимир Путин, да ослободуваат руски државјани приведени во странство, согласно законските измени усвоени денеска.
-Рускиот парламент ги изгласа соодветните законски измени најавени во март - изјави претседателот на Државната дума, Вјачеслав Володин.
-Западната „правда“ се претвори во репресивна машина за пресметка со оние што не се согласуваат со одлуките наметнати од европските функционери - изјави тој, образложувајќи ја иницијативата. - Во такви околности, важно е да направиме сè што е можно за да ги заштитиме нашите граѓани во странство - додаде Володин.
Предуслов за воена операција за ослободување на државјанин ќе биде наредба од Путин, кој сè уште треба формално да ги потпише законските измени, што се смета за чиста формалност.
Законот може да се толкува и како обид на Путин да си обезбеди подобра заштита, со оглед на тоа што Меѓународниот кривичен суд во Хаг покрена обвинение против него за воени злосторства во Украина. Доколку Путин или други руски државјани, според ставот на Москва, бидат неправедно осудени и затворени, во иднина и законски ќе биде можна воена операција за нивно ослободување.
Независни руски правни експерти сметаат дека измените имаат пред сè одвраќачки карактер и не очекуваат законот често да се применува во пракса.
Путин претходно потпиша и закон според кој пресудите на странските судови нема да се спроведуваат доколку се косат со интересите на Русија. Со тоа Русија повеќе не ги почитува пресудите на Европскиот суд за човекови права, ниту ја признава надлежноста на Меѓународниот кривичен суд во Хаг.
МИА
Ново на Сител
-

Ќе има ли договор за Изборниот законик?
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Утре нов обид за договор на пратениците за Изборниот законик
-

Сопственикот на „Пулс“ имал дојави за контроли од полицајци и инспекциски служби
-

Се уште се чекаат вештачењата за избоденото 14 годишно момче во паркот во Ченто
-

Две лица се уапсени за вчерашниот пожар кај Рампа
-

Ангелов: 120 лица секој ден во секој момент да бидат подготвени за распоредување на пожарите
-

Поскапуваат и бензините и дизелот
