Путин: Киев мора да ги признае резултатите од референдумот или конфликтот ќе продолжи
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Киев мора да ги признае резултатите од референдумите одржани во четири украински региони, предупредувајќи дека непризнавањето може да доведе до продолжување на вооружениот конфликт.
-Бидејќи ова е она што го нарекуваме демократија, велам дека е потребно Украина да ги признае резултатите од референдумите одржани во четирите познати региони, а тоа мора да се признае како свршен чин, бидејќи ако тоа не се направи, тоа ќе значи дека постои можност за обновен вооружен конфликт, рече Путин во интервју за Скај њуз Арабија.
Путин оцени дека многу Украинци се заинтересирани за пријателство со Русија, нагласувајќи дека е договорено да се потпише договор во Истанбул во 2022 година, но дека тоа не се случило.
Тој исто така нагласи дека украинското раководство треба да ги исчисти нацистичките елементи од своите редови и предупреди дека трети страни ја користат Украина за свои интереси, што е штетно за самата земја.
-Третите страни не се заинтересирани за прекин на конфликтот, туку за користење на Украина за свои интереси. Украина заслужува подобра судбина и не треба да биде инструмент во рацете на трети страни што дејствуваат против Русија, нагласи Путин.
Зборувајќи за ситуацијата во Иран, рускиот претседател рече дека Русија, како и Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), немаат докази дека Иран се стреми да поседува нуклеарно оружје.
Тој нагласи дека Москва постојано го информирала Израел за ова, нагласувајќи дека постојат начини да се решат израелските загрижености во врска со нуклеарната програма на Иран.
-Доколку Израел има какви било загрижености, треба да разговара за нив и да се договорат за деталите од нуклеарната програма на Техеран, рече Путин.
Иран и МААЕ велат дека нема конкретни докази за воена компонента во нуклеарната програма на Иран.
Ново на Сител
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори
-
Повторно одложено судењето за Веаповска
-
На Пониква утре заминуваат 46 од повредените во пожарот во „Пулс“ - Во тек е реконструкција на кочанската болница
-
Партиите си разменуваат обвинувања во пресрет на изборите
-
Трошоците за живот растат - Синдикалната кошница во јуни изнесува 64.698 денари
-
Преглед на вестите од светот