-->
-->
Путин набрзо ќе ја посети Кина
-->

Претседателот на Русија, Владимир Путин во блиска иднина ќе ја посети Кина, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
– Датумите наскоро ќе ги објавиме. Посетата се подготвува, а може да се каже дека подготовките веќе се завршени, остануваат само детали. Посетата ќе биде во блиска иднина, посочи Песков.
Последната позната средба помеѓу Путин и кинескиот претседател Шји Џинпинг се одржа на 4 февруари преку видео врска, при што разговараа за билатералната соработка, глобалната безбедност и усогласувањето на ставовите по важни меѓународни прашања, како што се економските врски и стратешката стабилност.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пламен и ветер создадоа драма над Штип
-

Охрид и Струга остануваат привлечни дестинации
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за обрзование и наука
-

Преглед на вестите од светот
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
