Путин: Невозможна е изолација на огромна држава како што е Русија
– Рускиот претседател Владимир Путин денеска се осврна на влијанието на западните санкции кон Москва, истакнувајќи дека е невозможна целосна изолација на земјата.
– Нема да се изолираме. Во современиот свет целосно е невозможно кој било стриктно да се изолира и невозможно е да се изолира огромна земја како Русија. Така што ќе работиме со оние партнери кои сакаат да комуницираат, посочи Путин.
Тој додаде дека Русија ќе ги развива сопствените капацитети за да го замени тоа што претходно можеше да го купи со приходите од продажба на енергенси.
– Денес нашите офицери учествуваат во специјална воена операција во Донбас, Украина. Тие обезбедуваат помош за народните републики Донбас. Тие покажуваат храброст, дејствуваат на правилен, ефективен и ефикасен начин, користејќи најнапредно оружје, посочи Путин.
Според него ќе бидат исполнети целите и задачите на специјалната операција во Украина.
– Главната цел е да им помогнеме на луѓето во Донбас, на народот во Донбас, што го признавме и моравме тоа да го направиме, бидејќи властите во Киев, охрабрени од Западот, одбија да ги спроведат договорите од Минск, насочени кон мирно решавање на проблемите на Донбас, наведе Путин.
Рускиот претседател посочи дека украинскиот претседател Володимир Зеленски јавно кажал дека „не сака“ ниту една клаузула од Договорот.
– Тие тоа јавно го отфрлија. Па, едноставно беше невозможно да се толерира овој геноцид, што траеше осум години.
Ново на Сител
-

Гужвите на Богородица продолжуваат - Грција бара нови решенија
-

13 годишник загина возејќи електричен тротинет во Куманово - дали е потребна построга регулатива?
-

Вештачката интелигенција, помош или опасност за младите
-

Владата викендот ќе одлучува дали ќе продолжат мерките за горивата
-

Преглед на вестите од светот
-

Денеска се одбележува Задушница, споменот на починатите
-

Нов пристап за стручни кадри во Штип
-

Обуки за спасители на вода
