Путин потпиша указ со кој се ставаат во состојба на подготвеност нови копнени ракетни системи
Рускиот претседател Владимир Путин денеска соопшти дека потпишал указ за ставање во состојба на готовност на нови копнени стратешки ракетни системи.
Тој рече дека „САД и НАТО директно кажуваат дека целта им е да и нанесат стратешки пораз на Русија“, а во исто време бараат од Москва да се врати на стратегискиот договор за неширење стратешко вооружување СТАРТ, вклучително и проверка на објектите.
- Пред една недела, на пример, потпишав указ за ставање во состојба на готовност на нови копнени стратешки ракетни системи, рече Путин во денешното обраќање пред Федералното собрание.
Тој исто така рече дека НАТО бара да се проверат руските одбранбени објекти, вклучувајќи ги и најновите, „како ништо да не се случило“.
- И тие сакаат да го пикаат носот таму. Дали навистина мислат дека така лесно ќе им дозволиме, нагласи Путин.
Тој денеска во Парламентот изјави и дека Москва го суспендира учеството во договорот за стратешко офанзивно оружје - СТАРТ, како и дека Министерството за одбрана и Росатом треба да бидат подготвени да тестираат нуклеарно оружје, доколку тоа прво го направат САД.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Дваесетина пожари во земјава, пожарот на Китка се уште гори
-

Има сериозни индиции дека најголем број од пожарите се подметнати
-

Лани двајца со западно-нилска треска, годинава досега 50 потврдени и 5 починати
-

Кога “договорците” во здравството ќе добијат решенија за работа?
-

Почна втората фаза на изгрaдбата на автопатот Скопје – Блаце
-

Реакции за изградбата на дата центри во Македонија
-

Министерот Сали позитивно гледа на изјавата на еврокомесарката Кос за проширувањето
