Путин: Русија постигнува успеси во сите области, политичката стабилност во моментов е најважна
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија постигнува успех во сите области – воена, безбедносна и економска, но истакна дека во сегашните околности на Русија особено ѝ е потребна политичка стабилност.
- Луѓето разбираат колку ова отсекогаш било важно за Русија, а во денешните околности е двојно, тројно поважно: колку е важна политичката стабилност, стабилноста на нашиот политички систем и внатрешнополитичката ситуација, рече Путин за време на состанокот со шефицата на Централната изборна комисија Ела Памфилова.
Тој додаде дека политичката стабилност, која делумно ја обезбедуваат гласачите, е основа на успехот на Русија во сите области, вклучително и воената и безбедноста.
„Многу сум благодарен на луѓето кои не се плашеа од ништо и кои излегоа на гувернерските избори, исполнувајќи ја својата должност. Во денешните околности, ова е исклучително важно“, нагласи рускиот претседател.
МИА
Ново на Сител
-
Итен инспекциски надзор за несобраното ѓубре, бара Здружението на млади правници
-
Со Clarivate - Web of science чекор поблиску до Шангајска листа
-
Сиљановска - Давкова: Гутереш изрази целосна поддршка и солидарност со нас
-
Ахмети: Ако Македонија не влезе во ЕУ, тогаш некои ќе одат со Бугарија, некои со Албанија
-
Две возила и магацин на маркет изгореа ноќеска во центарот на Скопје кај Зелен пазар
-
Филипче ја презентира резолуцијата на црвените линии во евроинтеграциите
-
Ден без автомобили во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот