Путин, Трамп и Украина: Се подготвува договор што може да ја опфати цела Европа

Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа изјави дека се сретнал со Кирил Дмитриев, специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин, додавајќи дека не се сретнал со украинската делегација.
-Тоа ќе биде договор. Ќе биде голем договор, кој опфаќа повеќе од Украина. Можам дури да кажам дека можеби ќе биде вклучена цела Европа. Тоа ќе биде голем, прекрасен договор и сите ќе бидат воодушевени, наведе Трамп, без да прецизира за што разговарал со Дмитриев.
Трилатералните преговори помеѓу Русија, САД и Украина закажани се на 10 и 11 ноември во Абу Даби.
Претходно, Дмитриев и украинскиот преговарач Давид Арахамија беа на средба со првата дама на САД, Меланија Трамп. Таа на прес-конференција во Белата куќа во присуство на Дмитриев и Арахамија апелираше за „траен“ прекин на огнот во Украина.
-Сега мора да покажеме храброст како што покажавме во Олешки за да најдеме заедничка основа. Заедно можеме да постигнеме нешто потрајно од привремен прекин на огнот. Се надевам дека Олешки ќе биде инспирација за поширок мир. Секоја вистинска промена започнува со мала искра, наведе Меланија Трамп.
Хуманитарното примирје во Олешки беше постигнато со посредување на првата дама на САД. Таа истакна дека прекинот на огнот во Олешки не би бил можен без рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот Володимир Зеленски.
Украинскиот преговарач Давид Арахамија наведе дека благодарение на примирјето, „се создава динамика во која двете страни учат мали механизми кои, во пракса, овозможуваат зачувување на мирот“.
-Во име на претседателот Путин и во име на народот на Руската Федерација, сакаме да ѝ се заблагодариме на првата дама Меланија Трамп за нејзината исклучителна улога во решавањето на хуманитарната ситуација во Олешки, истакна рускиот претставник Кирил Дмитриев.
Примирјето, што траеше шест дена и заврши во недела навечер, овозможи евакуација на жителите на градот лоциран на фронтовската линија во Херсонската област, кој со месеци се справуваше со недостиг на основни потреби.
Тоа е најдолгото примирје од почетокот на руската инвазија на Украина, што почна на во февруари 2022 година. Ниту Киев ниту Москва не пријавија прекршување на тој договор, за разлика од претходните делумни примирја.
МИА
Ново на Сител
-

Бизнисменот Зоран Азманов нападнат во судница во граѓанскиот суд
-

За 4.000 евра заем, барале 2.500 евра камата - детали за вчерашната акција во Куманово
-

Директорот на средното уметничко тврди дека ученикот испрскал пепер спреј, а не солзавец
-

Во Македонија нема адреналински пенкала кои спасуваат животи од тешки алергиски реакции
-

Прв „Нефро-Самит“ во Скопје во организација на Клиниката за нефрологија
-

Се поизвесно покачување на водата во Прилеп за 29,3% - Водовод должи 40 милиони денари
-

Преглед на вестите од светот
-

Швајцарскиот премиер за надворешни работи во Скопје
