Путин вели дека според него, конфликтот во Украина се движи кон својот крај

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа изјави дека според него - украинскиот конфликт се ближи кон крајот и додаде дека ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски само кога ќе се постигне траен мировен договор.
„Мислам дека прашањето се ближи кон крај“, изјави Путин за војната во Украина.
На прашањето дали е подготвен да се вклучи во разговори со лидерите на Европската Унија, Путин им рече на новинарите во Кремљ дека го претпочита поранешниот германски канцелар Герхард Шредер.
Европските лидери, како што објави во четвртокот „Фајненшл тајмс“, се подготвуваат за потенцијални разговори за завршување на војната во Украина.
Кремљ минатата недела објави дека од европските влади зависи дали ќе го направат првиот потег, бидејќи тие го прекинаа контактот со Москва во 2022 година, по почетокот на војната во Украина.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Расветлено убиството на д-р Ацо Трповски
-

Обвинение за поранешниот директор на СОЗР – приватно летал со владиниот авион и трошел државни пари
-

Полицајците не помагаа после пожарот во „Пулс“, тврдат сведоци
-

Мицкоски: Правдата е задоволена со враќањето на “Белата палата”
-

Вард од Скопје: Проширувањето останува приоритет на ЕУ
-

Истече грејс периодот од Брисел, нема измени на Изборниот законик
-

Бизнисот бара, но работници нема
